Членови на американскиот Конгрес, од двете партии, испратиле предупредување до Меѓународниот кривичен суд (МКС) дека издавањето налози за апсење на високи израелски функционери ќе предизвикаат сериозна американска одмазда. Веќе се работи и на законодавството за таа цел, пренесува „Аксиос“.
Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, издаде изјава во која ги нарекува пријавените налози „срамни“ и „незаконски“.
Ако администрацијата на Бајден не го оспори, МКС може да создаде и преземе невидена моќ да издава налози за апсење против американски политички лидери, американски дипломати и американски воен персонал“, вели Џонсон.
Тој ја повика администрацијата на претседателот Џо Бајден „веднаш и недвосмислено да побара МКС да се повлече“ и „да ја искористи секоја достапна алатка за да спречи таква одвратност“.
Претходно и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го повика Бајден да интервенира и да го спречи издавањето на налозите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.