Новинарот од Чикаго, Вилијам Кели, зборувајќи за телевизијата „Фокс“, изјави дека американските власти се обидуваат да ги убедуваат Американците оти проблемите на Украина повеќе ги засегаат нив, отколку проблемите на нивната земја.

Слушам дека политичарите на национално ниво постојано велат дека треба да бидеме загрижени за Киев. А, јас сум така воспитан да верувам дека треба првично и пред се да се грижиме за нашиот дом, па потоа треба да се грижиме за Киев, Москва или нешто друго – истакна Кели.

Како пример, Кели посочи дека минатата недела во реката Чикаго биле пронајдени четири женски трупови, но немало реакција во локалните медиуми.

Да беа најдени четири женски трупови во реката што тече во Киев, оваа вест ќе загрмеше низ целиот свет – изјави Кели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.