Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, обвинувајќи ја кинеската компанија за незаконско собирање податоци за деца во случаи кога родителите се обиделе да ги избришат акаунтите на нивните деца.
Би-Би-Си го цитира американското Министерство за правда во соопштението дека е пракса оваа социјална мрежа „масовно“ да навлегува во приватноста на децата.
Официјалните лица изјавија дека ТикТок и нејзината матична компанија „Бајт Денс“ (ByteDance) се „повторни престапници“, бидејќи сличен случај беше поднесен и во 2019 година.
ТикТок ги оспорува овие тврдења и наведува дека е „горд“ на своите напори да ги заштити децата.
Кинеската компанија соопшти дека проактивно ги отстранила малолетните корисници и доброволно поставила заштитни мерки, како што се ограничувањата на времето поминато зад екран и дополнителната заштита на приватноста за малолетниците.
Тужбата дополнително го зголемува притисокот врз ТикТок и „Бејт Данс“, кои веќе имаат затегнати односи со американските власти поради законот што се заканува да ја забрани работата на компанијата во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.