Американското Министерство за правда соопшти дека поднело тужба против компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) , на Илон Маск, заради дискриминација на бегалците.

На конкурсите за работа и избор на вработени од септември 2018 до септември 2022 година, „Спејс Икс“ погрешно наведувал дека може да ангажира само американски граѓани и иматели на „зелени карти“ или постојани жители, поради „законот за контрола на извозот“, што компанијата морала да го почитува.

Нашата истрага откри дека „Спејс Икс“ неоправдано ги одбивала бегалците поради нивниот статус и всушност вовела забрана за вработување без оглед на нивните квалификации, со што го прекршила федералниот закон. Законите за контрола на извозот не бараат такви ограничувања за вработување, изјави заменик министерката за правда, Кристен Кларк.

Во тужбата се сака да се добие компензација, вклучително и финансиска компензација, „за бегалците кои поради оваа наводна дискриминација биле разубедени и биле одбиени од вработување во „Спејс ИКс““.

Тесла, уште една компанија на милијардерот Маск, веќе е тужена од сојузната држава Калифорнија за расна дискриминација во неговата фабрика во Фремонт, пренесува Хина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.