Американецот Тревор Рид е ослободен од затвор во Москва откако бил разменет за рускиот пилот, Јароченко, кој беше затворен во САД, соопшти руското Министерство за надворешни работи .
Рид бил префрлен на московскиот аеродром Внуково, од каде што полетал за САД.
Рид, поранешен маринец од Тексас, беше уапсен во летото 2019 година, откако руските власти соопштија дека нападнал полицаец додека бил спроведуван во полициска станица поради пијанство.
Рид подоцна беше осуден на девет години затвор за напад врз службено лице, а американската влада го опиша неговиот случај како неправедно притворување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.