Процентот на Американци кои веруваат во Бог е паднат на најниско ниво во речиси 80 години, покажуваат резултатите од најновата анкета на „Галуп“.
Истражувањето за вредности и верувања, спроведено од 2 до 22 мај, покажува дека 81% од луѓето рекле дека веруваат во Бог. Тоа е за шест процентни поени помалку од 87% од испитаниците кои рекле дека веруваат во Бог во анкетата во 2017. Оваа година е најнискиот процент во трендот на „Галуп“ откако компанијата за прв пат го постави прашањето во 1944 година.
Овогодинешната анкета покажува дека 17 отсто од Американците изјавиле дека не веруваат во Бог.
Кога прашањето прво беше поставено во 1944 година, повторно во 1947 година и двапати во текот на 1950-тите и 1960-тите, 98% од испитаниците постојано велеле дека веруваат во Бог. Кога „Галуп“ го постави прашањето речиси пет децении подоцна, во 2011 година, 92% од Американците рекле дека веруваат во Бог.
Последователните истражувања од 2013 година покажуваат дека вербата во Бог паднала под 90% до 87%, приближно онаму каде што била во следните три ажурирања помеѓу 2014 и 2017 година, пред да падне на 81% оваа година.
Анкетата покажува дека вербата во Бог во последните години најмногу паднала кај младите и кај луѓето од левата страна на политичкиот спектар, односно либералите и демократите.
Од „Галуп“ велат дека овие групи бележат намалување за 10 или повеќе процентни поени во однос на податоците од 2022 година, сметано според просекот на анкетите од 2013-2017 година. Повеќето од другите клучни подгрупи доживеаја барем скромен пад, иако кај конзервативците и возрасните во брак во суштина нема промени.
Истражувањето покажало дека групите со најголем пад се и групите кои моментално имаат најмалку верба во Бог, вклучувајќи ги либералите (62%), младите возрасни (68%) и демократите (72%). Верувањето во Бог е највисоко меѓу политичките конзервативци (94%) и републиканците (92%), што според Галуп одразува „дека религиозноста е главна детерминанта на политичките поделби во САД“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.