Илјадници летови беа одложени или откажани поради студениот бран, температурите под нулата и снег го зафатија поголемиот дел од САД.

Прекин се случи на аеродромите на западот, но и на некои аеродроми на југот.

Во Колорадо, на меѓународниот аеродром во Денвер, 25 отсто од летовите биле одложени, а 17 отсто откажани.

На меѓународниот аеродром во Канзас Сити 27 отсто од летовите биле одложени, а 15 отсто откажани.

Во Тенеси, на меѓународниот аеродром во Нешвил, 23 отсто од летовите биле одложени, а 30 отсто откажани.

Во Тексас 34 отсто од летовите биле одложени и 13 отсто откажани на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт, додека 25 отсто од летовите биле одложени и 20 отсто откажани на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон.

На меѓународниот аеродром во Чикаго О’Харе 29 отсто од летовите биле одложени, а 11 отсто откажани, додека на меѓународниот аеродром Чикаго Мидвеј 17 отсто од летовите биле одложени, а 29 отсто откажани.

Во Њујорк, на меѓународниот аеродром Бафало Нијагара, 13 отсто од летовите биле одложени, а 21 отсто откажани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.