Жена од САД на 88-годишна возраст е усмртена од алигатор, откако случајно паднала во езеро додека си ги средувала растенијата, близу брегот.
Жената живеела во рамки на населба-прифатилиште за стари лица во американската сојузна држава Јужна Каролина. Сан Сити Хилтон Хед е старечка заедница со повеќе од 16.000 жители.
Надлежни лица биле повикани во месноста Сан Сити Хилтон Хед, по што е утврдено дека алигатор зграпчил женско тело близу околната вештачка лагуна и не го испуштал – соопшти полицајката Анџела Виенс од Канцеларијата на шерифот на Округот Бофорт.
Жртвата, Ненси А. Бекер од Јужна Каролина ја средувала градината, кога се лизнала и паднала во езерото, каде што живеел алигаторот. Надлежните подоцна го фатиле животното и тоа е усмртено.
Полицијата и Округот Бофорт го истражуваат настанот.
Се проценува дека околу пет милиони алигатори живеат во 10-те југоисточни сојузни држави во САД. Сепак, фаталните напади не се честа појава. Според официјалните податоци, од 442 случаи, 26 биле со смртни последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.