Мрежа на шверцери на дрога составена главно од Aлбанци е разбиена од Европол. Акцијата била релизирана во Германија, Италија и Холандија а уапсени се 35 лица, јави Топ чанел.

Уапсените главно биле вклучени во шверц на кокаин и канабис од земјите од Латинска Америка кон Европа.

-Криминалната мрежа била вклучена и во случаи на насилство, како и во епизоди на тортура и киднапирање. Од спроведените истраги, уапсените само во периодот од март 2020 до јуни 2021 година донеле во Европа околу  тон кокаин и  тон хашиш, од чија продажба заработиле повеќе од  милијарда евра, наведува телевизијата.

Во акцијата биле ангажирани повеќе од 600 полицајци, контролирани повеќе од 51 различно место каде што оваа криминална мрежа поставила бази. Во меѓувреме запленети се над 1 милион евра во кеш.

-Шверцерите ја прошириле својата активност меѓу Германија, Италија и Холандија, каде што овозможиле дистрибуција на наркотици. Дрогата главно ја пренесувале со луксузни автомобили, а користеле и разни апликации за размена на пораки за да не бидат откриени од полицијата. Според Европол, трговците со луѓе ги делеле приходите добиени од оваа криминална активност според соодветните улоги што ги имале во групата, посочува Топ чанел.

За да ги „исчистат парите, купиле дури и луксузни ресторани во Германија, како и разни агенции за недвижности“.

Истрагата против групата Албанци започна во септември 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.