Осум лица загинаа а целосно е уништено возилото, кое изутрината околу 4 часот во близина на Келсире, град во јужна Албанија , го загубило правецот и паднало на брегот на реката Вјоса.
Пронајдени се мртви осум луѓе, за кои полицијата се сомнева дека се мигранти од Блискиот Исток. Возачот на автомобилот е од Скадар.
На местото на настанот се тимови на Обвинителството, полицијата, Граничното одделение и две групи на Националните безбедносни сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.