Апелацискиот суд во Тирана ја објави одлуката, со која ја потврдува одлуката на првостепениот суд со која печатот и логото му припаѓаат на крилото на Демократската партија, предводено од Сали Бериша.
На тоа веднаш реагираше Љуљзим Баша, кој во судскиот регистар сеуште фигурира како лидер на партијата, најавувајќи жалба до Врховниот суд.
Објавувањето на скандалозната одлука од 11 јуни, го отвора патот итно да се обратиме до Врховниот суд. Ние ќе ја прифаќаме неправдата. Албанија заслужува многу повеќе, напиша Баша во објава на Фејсбук.
Во одлуката стои дека печатот и логото на најголемата опозициска сила, Демократската партија, му припаѓаат на крилото на Сали Бериша „Иницијатива за обнова на ДП“, прашање кое повеќе од две години ја мачи партијата, која ја преживува најдлабоката криза до сега.
Во судскиот регистар како лидер на партијата од 2013 година фигурира Љуљзим Баша, кој со партиското лого и печат учествуваше на последните локални избори во мај минатата година.
Крилото на Бериша, кој е осомничен за корпција и е во домашен притвор од декември минатата година, го предводи неформалниот лидер е Фламур Нока, пратеник и поранешен министер за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.