Во првата половина од годинава граѓаните од Албанија и Косово водат во однос на другите земји од балканскиот регион по бројот на барања за азил до Европска Унија.

Во најновиот извештај на Европската агенција за азил (ЕУАА) се наведува дека од јануари до јуни 3.778 државјани на Албанија поднеле барање за азил во земјите членки на ЕУ.

Најголем број барања за азил на граѓани од Албанија се регистрирани во Италија, Грција и Франција. Дури и бројот на барања за азил од државјани на Косово во земја од ЕУ, и во првата половина од годинава биле поднесени 3.375 барања.

Според извештајот на ЕУАА, граѓаните на Македонија поднеле 1.872 барања за азил, Србија 1.660, Босна и Херцеговина 750 и Црна Гора 182 барања.

Од податоците објавени претходно од Европската агенција за азил, чекаат да се испитаат околу 2.700 барања на граѓани од Албанија собрани во текот на изминатата година, додека стапката на признавање на азил е многу ниска за албанските државјани, не надминува три отсто од вкупниот број барања поднесени во земјите од ЕУ.

Во меѓувреме, според новообјавениот извештај на Европската агенција за статистика (Евростат), граѓаните од Албанија исто така добиле најголем број дозволи за престој во земјите на ЕУ во текот на 2023 година од балканскиот регион.

Според Евростат, 74.938 граѓани од Албанија првпат добиле дозвола за престој во земја од ЕУ во 2023 година, од нив околу 41.760 добиле дозволи од семејни причини, 13.144 од други неутврдени причини, а 2.450 за образование.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.