Албанските власти екстрадираа турски државјанин, баран со меѓународна потерница издадена од Турција, за измама на 391.000 граѓани, преку криптовалути, со економска штета од две милијарди долари.
Беше уапсен на 30 август минатата година, во јужното албанското приморско гратче Химара, во рамки на полициската акција „Мозок“, реализирана од локалната полициска управа на Елбасан, во соработка со специјалната единица „Ренеа” и Интерпол Тирана.
За 29-годишниот Турчин Фарук Озер беше распишана меѓународна потрага, по барање на Вишиот суд во Истанбул во 2021 година за кривични дела „Создавање криминална организација“ и „Измама со тешки последици“, јавија албанските медиуми.
Според полицијата како резултат на „соработката на Интерпол Тирана со Интерпол Анкара, во Албанија во акцијата „Мозок“ стана можно апсење на Ф.О., а потоа финализирање на постапките со негова екстрадиција во Турција”.
Озер на аеродромот во Тирана бил преземен од претставници на Интерпол Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.