Голем број Албанци синоќа излегоа на улиците на Лондон за да го прослават Денот на знамето на нивната земја. На бројни видеа од центарот на Лондон се гледаат мажи и жени во скапи автомобили како веат албански знамиња додека полицајците бараат од нив да престанат да го блокираат сообраќајот.
Полицијата е известена дека на одредени патишта се собира поголема група возила. Нашите припадници веднаш излегле на терен со цел да се минимизира можноста за нарушување на сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата. Оттаму додаваат дека при полициската акција е приведено едно лице.„Додека мажите во автомобили свиреа и дрифтаа, девојчињата во народни носии изведуваа традиционални народни ора, а беа фрлани и петарди. Видеата и фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции кај другите лондончани“, пишува Дејли мејл.
„Албанците во Лондон кои го славеа Денот на независноста себично ги блокираа плоштадите Странд и Трафалгар додека луѓето го напуштаа киното во 22 часот“, се налути еден корисник на Твитер.
This was last night in London. God help us. https://t.co/bqrfSEWpGD
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) November 29, 2022
„Една од причините што ми требаше толку долго да се вратам дома вчера“, додаде друг корисник.
Свој коментар даде и Најџел Фараж, британски политичар и еден од најпознатите поддржувачи на брегзит. „Ова се случуваше синоќа во Лондон. Господ нека ни е на помош“, напиша Фараж на својот твитер-профил.
Hahahaha Albanians out in force for independence day in London, Gowannn 🇦🇱🇦🇱 pic.twitter.com/B1IkKsGzVd
— ZB95 (@__zb95) November 28, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.