Акциите на грманскиот концерн за производство на оружје и воена опрема „Рајнметал“ за прв пат надминаа 400 евра, а повод за таквиот раст е објавувањето на плановите за изградба на нова фабрика за производство на артилериска муниција во Украина. Декларацијата беше потпишана на Минхенската безбедносна конференција.
Каде и кога ќе се гради фабриката сè уште не е прецизирано, но според најавите, се очекува да произведе стотици илјади НАТО-стандардна муниција од 155 милиметри за украинските вооружени сили.
Изградбата на вакви фабрики и воопшто проширувањето на производствените капацитети станаа фактор за раст на германската компанија. Уште во 2022 година, „Рајнметал“ брзо сфати дека може да заработи многу пари од украинскиот конфликт – и тоа го направи.
Веќе во 2023 година, „Рајнметал“ ја купи фабриката „Експал системс СА“ (Expal Sistems SA) во Шпанија, како и повеќе од 70% од акциите во фабриката „Аутомеканика медиас“ (Automecanica Medias) во Романија. Нова фабрика за муниција со заедничкото вложување – Рајнметал Хунгари Мунисипоалс Зрт“ (Rheinmetall Hungari Municipals Zrt) е изградена во Варпалот, Унгарија.
Пред нешто повеќе од една недела почна изградбата на фабриката за муниција „Верк Нидерсахсе“ (Werk Niedersachse) во Долна Саксонија, која ќе произведува до 200.000 гранати годишно, а во јануари почна изградбата на линијата за производство на експлозиви во фабриката Варпалот.
Со ваквото проширување на активностите, „Рајнметал“ планира да произведе 700.000 гранати до 2025 година, а се додека трае војната во Украина, побарувачката за производите на „Рајнметал“ нема да запре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.