На илегалните мигранти на кои им е одбиен азил во Велика Британија ќе им бидат понудени илјадници фунти доброволно да се преселат во Руанда.

Станува збор за нова шема за доброволно заминување од земјата, која ги надополнува плановите на Лондон за депортирање на мигрантите кои илегално пристигнале во земјата, јави ДПА.

Шемата е дизајнирана за доброволно отстранување на мигрантите кои немаат законско право да останат во Велика Британија, но не можат да бидат вратени во нивната матична земја. Ќе ги таргетира луѓето кои немаат доволно основи да добијат статус на бегалци и кои можат брзо да се преселат во Руанда, која владата на Велика Британија ја смета за безбедна трета земја.

Шемата е дополнување на постојната шема за доброволно враќање на мигрантите што ја води Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, која на мигрантите им нуди финансиска помош од 3.000 фунти (3.800 американски долари) за да ја напуштат територијата на Велика Британија и да се вратат во нивната држава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.