Рускиот заменик министер за одбрана Александар Грушко изјави дека Москва ќе преземе „безбедносни и одбранбени мерки кои ќе ги сметаме за неопходни“ доколку Шведска и Финска се приклучат на НАТО.

Во интервју за руската државна агенција Тас, пренесе Гардијан, министерот рече дека членството на Шведска и Финска во воената алијанса „сериозно ќе ја влоши ситуацијата“ и ќе доведе до „најнепосакувани последици“.

Јасно е дека нашата граница со Финска е долга 1.300 километри. „Ова ќе значи радикална промена на воената и политичката ситуација и разбирливо е дека ќе бидеме принудени да преземеме безбедносни и одбранбени мерки кои сметаме дека се неопходни – рече тој.

„Во спротивно, ова сериозно ќе ја влоши воената ситуација и ќе доведе до најнепосакуваните последици кои треба да се избегнат. Тој нагласи дека иако дипломатските врски меѓу земјите се „одржуваат“, Шведска и Финска се приклучија на санкциите и учествуваат во антируската кампања започната на Запад. Тоа е реалноста денес“.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас реагираше на руската реторика во врска со потенцијалното проширување на НАТО и рече дека „Шведска и Финска имаат слобода да одлучуваат за својата иднина без мешање (однадвор) – Обединетото Кралство ќе поддржи што и да одлучат“.

Коментарите на рускиот министер уследија откако Шведска и Финска вчера направија голем чекор кон пристапување во НАТО, бидејќи нивните премиери рекоа дека руската инвазија на Украина го промени „вкупниот безбедносен пејзаж“ на Европа и „значително го промени начинот на размислување“ во нордиските земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.