Тројца ирански претставници, запознаени со военото планирање на земјата, изјавиле дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, му наложил на Врховниот совет за национална безбедност да се подготви за напад врз Израел.
Како што објави „Њујорк тајмс“, Хамнеи, наводно рекол дека штетата и жртвите од израелскиот напад се премногу големи за да се игнорираат и дека недостатокот на одговор ќе се толкува како признавање на поразот.
Иран ќе одговори против Израел на начин што е незамислив. Израелците не го заборавија ракетниот напад на 1 октомври, но веруваат дека неколку лансирања на ракети ќе го променат текот на историјата. Направија грешка и ќе бидат казнети за тоа“, изјавил командант на Иранската револуционерна гарда.
Исто така, објавено е дека високи ирански воени функционери веќе подготвиле список со десетици воени цели што треба да бидат нападнати во Израел.
Сепак, нападот најверојатно ќе дојде по изборите во САД, бидејќи Иран стравува дека таков напад пред изборите може да ги подобри шансите на Трамп за победа.
Истовремено, израелски извори тврдат дека Иран планира да изврши напад врз Израел од ирачка територија во наредните денови. Според нив, нападот ќе биде изведен со употреба на стотици дронови и балистички ракети.
Според нивни извори, Иран сака да изврши напад преку проирански милиции во Ирак за да не предизвика нов израелски напад на иранска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.