Германското Сојузно здружение на компании за безбедност во воздухопловството (БДЛС) и претставниците на синдикатот Верди постигнаа начелен договор за платите, откако ангажираа независни посредници за да најдат решение за нивниот долгогодишен спор, пренесуваат британските медиуми.

Според соопштението на БДЛС, начелниот договор предвидува зголемување на платите меѓу 13,1 и 15,1 отсто во рок од 15 месеци за околу 25.000 работници на аеродромското обезбедување.

Дополнително, надлежните комисии во здружението на работодавачи БДЛС и синдикатот имаат рок до вторник напладне да ја прифатат или отфрлат арбитражната препорака, а синдикатот Верди е должен до тој рок да не ги повикува поддржувачите на штрајк.

Во најголемата европска економија, штрајковите на аеродромските и железничките работници, кои бараат повисоки плати, доведоа до многу скапи прекини во сообраќајот.

Во текот на февруари оваа година, дури 11 аеродроми низ Германија имаат привремен прекина на работата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.