Администрацијата на претседателот Џо Бајден, сака да земе пари наменети за американската армија и да ги испрати во Украина.
Како што пренесува „Блумберг“, Белата куќа разгледува план за обезбедување итна помош за Украина во износ од 200 милиони долари. Идејата е да се земат пари од фондовите наменети за финансирање на американската војска.
Дискусијата доаѓа во позадина на уште едно одбивање од страна на Конгресот да одобри нов пакет помош за Украина.
Овие пари, доколку бидат доделени, ќе бидат искористени за купување оружје и муниција за украинските вооружени сили. Сепак, како што се наведува во публикацијата, Белата куќа се уште нема донесено конечна одлука околу ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.