Светската здравствена организација денеска соопшти дека регистрирала 703 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија, јави ДПА.

„Ова е јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и правилата за војна“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге во Киев. Според него, ова е најголемиот напад врз здравствената заштита на европско тло од Втората светска војна.

„Континуираните напади врз здравствената и енергетската инфраструктура значат дека стотици болници и здравствени установи веќе не се целосно функционални,  немаат вода и електрична енергија за да се задоволат основните потреби“, рече тој.

Според него, „половина од енергетската инфраструктура на Украина е или оштетена или уништена“.

„Денес 10 милиони луѓе – четвртина од населението – се без струја“, рече Клуге



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.