Европската агенција за крајбрежна и гранична стража (ФРОНТЕКС) денеска објави дека наскоро ќе распореди 50 припадници на финската граница, откако Хелсинки ја обвини Русија дека ја поттикнува мигрантската криза.

ФРОНТЕКС планира да распореди 50 граничари и друг персонал, како и опрема како што се патролни автомобили, за да ги зајакне активностите на граничната контрола во Финска.

Агенцијата на Европска унија со седиште во Варшава додаде дека распоредувањето се очекува следната недела.

Финските власти неодамна го ограничија граничниот сообраќај и затворија четири гранични премини со Русија.

Финска дели граница од 1.340 километри со Русија.

По почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Финска регистрира зголемен број на луѓе на границата со Русија, главно Руси и Украинци. Во последно време пристигнуваат и мигранти од Блискиот Исток и Африка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.