Горниот дом на чешкиот Парламент ја потврди одлуката на Долниот дом за обука на 4.000 украински војници во Чешка, односно нивна обука на тлото на другите членки на Европската унија, во која можат да учествуваат до 50 чешки војници.

По одобрување од Долниот дом, во четвртокот Сенатот го ратификуваше и законскиот предлог со кој се дозволува обука на 4.000 украински војници на полигонот во Либава, објави Радио Прага Интернешнал.

Четиринеделната обука во пет ротации ќе започне во 2023 година и во секоја ќе учествуваат до 800 украински војници.

Парламентот, исто така, го ратификуваше распоредувањето до 55 чешки војници кои ќе ги обучуваат украинските сили на тлото на другите членки на ЕУ.

За мисијата гласаа 67 од 70 присутни сенатори во четвртокот, а на гласањето му претходеше остра дискусија со обвинувања за проруска пропаганда.

Се проценува дека учеството ќе ја чини Чешка околу 975 милиони круни, а дел од парите би можеле да бидат вратени од ЕУ преку програмата за воена помош на ЕУ за поддршка на Украина.

Парламентот, исто така, го одобри мандатот за две други мисии во странство, до 40 војници во Косово и продолжување на мисијата во Ирак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.