За време на вакцинација на учениците во основното училиште во Салцбург, Тененгау, дошло до мешање на вакцини, па 33 деца примиле погрешни вакцини.

Наместо вакцина за заштита од детска парализа, дифтерија, тетанус и голема кашлица, на учениците им била дадена вакцина против хуман папилома вирус (ХПВ).

Таа вакцина ја примиле 33 деца од второ одделение од основното училиште.„Родителите веднаш беа информирани за грешката и беше даден сеопфатен медицински совет за тоа како да се продолжи“, соопшти провинциската влада.

Вакцината против ХВП се препорачува само за деца постари од девет години, така што во овој случај е дадена две години порано, што не е дозволено.

Секретарот за здравство на провинцијата, Петра Грубер Јухас, вели дека според лекарите нема докази дека постои зголемен здравствен ризик за децата.

Сепак, потребна е втора вакцинација против ХПВ за да има заштитен ефект.

Грубер Јухас изрази жалење, посочувајќи дека се работи за изолиран случај, додавајќи дека обично речиси е невозможно да се мешаат вакцините.

Меѓутоа, во ова училиште дошло до грешка бидејќи училиштето планирало истовремено да ги вакцинира постарите училишни деца против ХПВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.