Автобус полн со патници денеска доживеа несреќа во околината на словачкиот град Кошице, Словачка, во која тешко се повредени 10 лица, но нема извештаи за загинати, дознава ТАСР од портпаролот на Оперативниот центар за итна медицинска помош, Петра Климесова.
– Во автобусот имало 54 патници. Десет пациенти добија прва помош и итно беа пренесени во болниците во Кошице и Требишов. Меѓу нив имало и три деца на возраст од 1 до 15 години – рече Климесова.
Таа додаде дека медицинскиот персонал главно лекувал повреди на главата, стомакот и екстремитетите.
Дополнителни 28 пациенти се пренесени во болниците со автобус за евакуација на противпожарната бригада, додека останатите 16 патници одбиле медицинска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.