Шефот на руската антикорупциска фондација и близок соработник на Алексеј Навални понуди 20.000 евра награда за „сеопфатна информација“ за смртта на покојниот лидер на опозицијата.
Важна ни е секоја информација што е некако поврзана со целата оваа приказна, која било информација што може да ни даде барем некои траги за да можеме да ги идентификуваме сите извршители на злосторствата на Путин и да ги одвоиме овие дегенерици од нормалните офицери кои не вршат никакви злосторства“, вели Иван Жданов во видео-обраќање.
Навални, најпознатиот руски опозициски политичар, неочекувано почина на 16 февруари во казнена колонија на Арктикот, а стотици Руси ширум земјата дојдоа до импровизираните споменици со цвеќиња и свеќи даму оддадат почит.
Руските власти приведоа голем број луѓе додека се обидуваат да го потиснат секој поголем излив на сочувство за најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин пред претседателските избори, на кои речиси сигурно е дека тој ќе добие уште еден мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.