Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата наречена „Избери ја Франција“ со странски деловни претставници соопшти дека земјата ќе добие странски инвестиции во висина од над 15 милијарди евра.
„Мајкрософт“ (Microsoft) вчера најави дека ќе инвестира четири милијарди евра во центри за обработка на податоци. Предвидено е нов центар за податоци да се изгради во источна Франција, додека постоечките локации во регионот на Париз и во Марсеј ќе се прошират.
Претходно, „Амазон“ (Amazon) најави дека ќе инвестира повеќе од 1,2 милијарди евра во Франција и ќе отвори над 3.000 работни места.
Исто така и неколку фармацевтски компании, меѓу кои американската групација „Фајзер“ (Pfizer) и британската „АстраЗенека“ (AstraZeneca) најавија дека ќе инвестираат повеќе од една милијарда евра повеќе во францускиот здравствен сектор.
Најголемиот индустриски проект најавен досега е фабрика за ѓубрива, која би можела значително да ги намали емисиите на јаглерод диоксид
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.