Единаесет хиндуси, осудени на доживотен затвор поради групно силување бремена муслиманка за време на хинду-муслиманските немири во 2002 година, се пуштени на слобода. Ваквиот потег предизвика осуда од страна на сопругот на жртвата, неговиот адвокат, политичари.
Мажите се осудени во почетокот на 2008 година, а од затворот во Панчмахал се пуштени во понеделникот, кога во Индија се прославуваше 75 години од крајот на британското владеење.
За време на конфликтот во Гуџарат, еден од најлошите вериски немири во Индија, загинаа над 1.000 лица, мнозинството муслимани. На чело на државата тогаш беше сегашниот индиски премиер Нарендра Моди.
Официјално лице од Панчмахал за медиуми тврди дека советодавниот одбор на окружниот затвор препорачал напаѓачите да се пуштат на слобода, поради нивното добро однесување.
Според индиските закони, осуденици имаат право да бараат помилување по 14 години в затвор.
Факт е дека тие поминаа речиси 15 години в затвор и оти имаа право на можност за помилување, изјави Сухал Јаџантибај Мајатра, пренесе Си-ен-ен.
На видеа споделени на социјалните мрежи, се гледа како пред затворот, непознато машко лице им дава благо на ослободените напаѓачи, откако во знак на почит, им ги допре стапалата.
Вдовецот на жртвата изјави за Ројтерс дека се разочарани бидејќи во немирите загинаа и многу членови на семејството.
Го изгубивме семејството и сакаме да живееме во мир, но одеднаш ова се случи. Немавме претходна информација за нивно ослободување, ниту од судовите, ниту од владата, за тоа дознавме само од медиумите, рече Јакуб Расул..
Опозициски политичари и адвокати соопштија дека овој потег е во спротивност со владината политика на зголемување на нивото на заштита на жените во земја позната по големиот број силувања.
– Помилувањето осудени за грозоморно злосторство како групно силување и убиство е морално и етички несоодветно. Каква порака сакаме да испратиме со тоа, праша адвокатот Ананд Јагник. бд/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.