Единаесетгодишно дете утрово почина, откако му се слошило во авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул до Њујорк. Авионот принудно слетал на аеродромот во Будимпешта, каде медицинските тимови можеле само да ја потврдат смртта на детето.
Екипажот на авионот побарал итна дозвола за слетување откако детето изгубило свест. Спасувачките екипи чекале на пистата и се обиделе да го реанимираат детето, но спас немало.
Според унгарските медиуми, авионот треба да го продолжи патувањето во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.