Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на сообраќајната несреќа која се случи на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, кај местото викано „Трафостаница“ во која загина битолчанецот К. К. (42 г.).

Од ОЈО Битола известија дека издадени се наредби за прибирање траги од лице место и проверка на крв и урина на возачите, и се постапува за расчистување на причините на несреќата.

Во сообраќајката што се случи во 14:57 часот учествуваа комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, демирхисарско, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика, и патничко возило „пежо“ управувано од К.Ј. (36 г.) од Битола. На лице место почина совозачот на патничкото возило К.К. (42 г.) од Битола, потврдија од СВР Битола.

Сообраќајна несреќа се случи меѓу комбе управувано од А.С. (25 г.) од селото Вирово, демирхисарско, кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика, и патничко возило „пежо“ управувано од К.Ј. (36 г.) од Битола. На лице место починал совозачот на патничкото возило К.К. (42 г.) од Битола, потврдија од СВР Битола.

Во изјава за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола посочи дека веднаш по сообраќајката, во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица и кај нив е изврешено компјутерско снимање, додека лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката. Сите лица се надвор од животна опасност, изјави за Ивановска.

Во тек е истрага за причините за тешката сообраќајна несреќа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.