Со топлото време се буди и природата, што значи и зголемување на бројот на инсекти, како што се мувите, во и околу домот.

За да се ослободите од несаканите „натрапници“, Андреја Жан, која пренесува бројни совети за чистење и уредување на домот, овојпат споделува трик со монети, вода и ќесе за замрзнување.

Значи, ставете ги паричките во ќесето и додајте вода за тие да пловат во неа. Ќесето се закачува на влезната врата или пред прозорецот, вели Жан.

Луѓето велат дека овој необичен трик, всушност е навистина делотворен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.