Советничкатата од ВМРО-ДПМНЕ во Совет Град Скопје, Ирена Попова на денешната седница за советнички прашања укажа како средното училиште „Панче Караѓозов“ спровело јавна набавка за превоз на ученици од Куманово до Скопје по дневна цена за повратен билет за еден ученик од 530 денари, иако реалната цена на пазарот е 300 денари, со што е оштетен буџетот на државата.

Попова истакна дека за оваа јавна набавка важно е и да се напомене  дека била со само еден понудувач.

– Ја прашувам директорката дали направила истражување на пазарот за да види која е реалната цена, дали знае колку е цена на повратен билет Скопје-Куманово? Од тоа што јас истражував тој чини 300 денари. Што значи дека склучен е договор кој е поскап од реалната вредност. Зошто е склучен овој договор, бидејќи оваа понуда е прескапа и не е соодведна на цената на пазарот и зошто е свесно оштетен буџетот? – прашува Попова.

Попова исто така ја запраша и директортката на училиштето „Браќа Миладиновци“ зошто немаат лице за јавни набавки и колку чини тоа што набавките ги води консултантска куќа и како истата е избрана.

– Трето прашање е до директорот на средното училиште “Орце Николов“, гимназија која беше издвоена порано како една од најдобрите, но во учебната 2021/22 се доведе до ситуација да не се исполнат сите места, а порано се бараше место повеќе. Ова не се случило дваесетина години, дали директорот направил анализа на што се должи ова за да се намали интересот за упис во оваа гимназија? – запраша Попова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.