По врнежите од снег во текот на ноќта, зимската служба ангажирана од Општина Карпош интензивно работи на расчистување на улиците во надлежност на општината.

Како што информираат од локалната самоуправа, интервенирано е на клучните „критични точки“ во општината, во таканаречената „висока зона“ во населбите Жданец, Трнодол, Нерези, на мостот кај Бардовци и на улицата „Ловќенска“.

Во моментот се интервенира на улиците: „Леринска“ и „Загребска“ до Институтот за белодробни заболувања Козле.

До сега не е регистриран застој и проблеми во сообраќајот. Во текот на ноќта и раните утрински часови ангажирани беа и комунални инспектори од општината кои ја следеа состојбата на терен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.