Како Здружение на воени ветерани “Бранител 2001” сакаме да изразиме огромна благодарност до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и членовите на Советот за денешниот значаен чекор, велат членовите на Здружението.

Усвојувањето на Одлука за ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта е чекор кои мора да го поздравиме.

По 22 години конечно некој во Република Македонија, во државата за која се боревме и ја браневме да се сети дека постоиме и дека ние Бранителите сме луѓе со чест и достоинство.

Апелираме да не се застане тука и повикуваме останатите општини да го следат примерот на општина Ѓорче Петров и барем на момент да се сетат дека постоиме и сме дале значаен придонес во градењето на ова парче земја.

Секогаш за Македонија!

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.