Објавен е оглас со којшто во Здравствен дом – Скопје наскоро ќе бидат вработени околу 40 здравствени работници, кадар што ќе биде ангажиран во Брзата помош и превентивните пунктови, најави директорот на оваа здравствена установа, Виктор Исјановски.

При денешната посета на новата амбуланта во општина Бутел Исјановски соопшти дека огласот е објавен во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае пет работни дена.

Ќе бидат примени 22 општи лекари, четворица специјалисти, потоа дефектолози, логопеди, психолози. Бројката е околу 40 и нешто вработувања во Здравствен дом – Скопје и ќе гледаме со тој кадар да се надополни во Брза помош и во превентивните пунктови каде што најмногу ни се потребни, изјави Исјановски, споделувајќи информација и дека добиле допис од Министерството за здравство дека ќе добијат седум нови санитетски возила за Брза помош за Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.