Во првата година од мандатот направив  нула денари за репрезентативни трошоци, трошоци за угостителски услуги, патувања во странство и трошоци за службен автомобил и заштедив околу 700 000 денари во општинскиот буџет, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Затоа овој месец во пресрет на зголемени трошоци по повод семејните слави и новогодишните и божиќните празници истите овие средства ќе бидат наменети како еднократна финансиска помош за социјално загрозените семејства.
Секој граѓанин заслужува пристојно пречекување на празниците и ние се обидуваме да го помогнеме тоа. Градиме нова приказна на задоволни граѓани и среќни генерации, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.