Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите од Општина Центар започнаа координирана акција за расчистување на голема депонија на приватен имот, лоцирана на улица „Мајка Тереза“, спроти Клиничкиот центар.

Станува збор за депонија која е распространета на две парцели и е создавана со децении, а на самата локација има и повеќе диво населени лица-собирачи на отпад. Ваквите диви населби претставуваат потенцијална опасност за загадување на животната средина и здравјето на граѓаните, соопштија од Град Скопје.

На сопствениците на парцелите им е издаден налог за целосно расчистување на депониите од нивните имоти, а доколку не постапат по налогот во утврдениот рок, имотите ќе се исчистат од јавните комунални претпријатија на трошок на сопствениците.

За решавањето со проблемот со лицата кои престојуваат дивата населба, е појава која е присутна повеќе децении и во наредниот период ќе се преземат мерки за нивно институционални згрижување. Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните, велат од Градот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.