Исчистена е голема депонија покрај реката Серава во Бутел 1! Поставивме и информативни табли со кои укажуваме на забраната на фрлање шут и ѓубре на веќе исчистените депонии. На влезот на кејот поставени се и столбчиња со што ќе спречиме влегување на возила кои ќе ја загадуваат околината, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој исто така информираше дека е активен телефонскиот број на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават создавање на нови депонии или локации на кои се наоѓа ѓубре и да пријават несовесни граѓани кои ја загадуваат нашата средина!

Нашата цел е Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачување на хигиената! Целосно исчистени се над 30 депонии на територијата на Општина Бутел! Зелена и чиста Општина Бутел за поздрава иднина за сите нас, додава Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.