Непознати сторители ноќеска го запалиле автомобилот на Драган Митковски – Книга, близок соработник на скопската градоначалничка Данела Арсовска и носител на изборната листа во втората изборна единица од Нова демократија, нејзината партија.

Од МВР потврдуваат дека ноќва било опожарено возило во Ѓорче Петров, а пожарот зафатил и други две возила.

На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило „мерцедес А класа“ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило „‘хјундаи“ и „сузуки свифт“ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.