Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво ќе биде презентиран денеска во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.
Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.
Пред претставниците на општините, невладините и граѓанските организации и други засегнати страни од Скопскиот плански регион ќе бидат презентирани роковите и постапката за идно аплицирање за грантовите.
За да се поттикне интересот на општините од регионот да се пријават на повикот, ќе бидат претставени и бенефитите што ги нуди Проектот за развој на социјалните услуги во локалните заедници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.