Институтот за јавно здравје денеска извести дека направени се епидемиолошки анкети на сите 16 лица кои се доставени од список на ЗОО, а кај никого не е пронајдне вирусот на птичји грип.
Денеска, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура.
Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми.
Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип, информираа од ИЈЗ Скопје.
Инаку, пред два дена, ЗОО СКопје беше затворена и следните 21 ден ќе остане затвореан, по појавата на птичји грип, откако на просторот на зоолошката била најдена угината дива птица, која го имала вирусот на птичји грип.
Агенцијата за храна и ветеринарство влезе во ЗОО Скопје, при што беа убиени триесетина птици кои живееја таму, а зоолошката беше евакуирана од посетители и вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.