Пожарот во Универзална сала веќе е под контрола. Пожарникарите пристигнаа навреме и се справија со огнената стихија која ја зафати куполата на објектот кој со години чекаше да биде реконструиран.
На местото се присутни повеќе противпожарни екипи, но пристапот кон објектот е отежнат поради што сè уште не може да се интервенира, јавува репортерот на „360 степени“.
Се отстрануваат лимените огради околу Универзалната сала за да биде овозможен пристап кон објектот. Претходно со пајак-возило беа отстранети автомобилите во околина на објектот.
Вработени во Универзална за „360 степени“ кусо изјавија дека во еден момент слушнале дека нешто пукнало, виделе чад, по што веднаш се јавиле во противпожарната служба.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека на единствениот број за итни случаи112 е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на булевар „Партизански одреди“, во Скопје. „Гори една од куполите на објектот. ТППЕ Град Скопје се на лице место.
Досега нема пријава за повредени, останува надлежните да ги соопштат причините поради кои изби пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.