Согорување на биомасата претставува најголем извор на загадување на амбиенталниот воздух се наведува во заклучоците на Студијата за извори на загадување на воздухот во Скопје, која ја изработи Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип и во која прецизно се анализирани и утврдени поединечните извори и видови загадувачи.
На денешната презентацијана заклучоците од Студијата, беше истакнато дека градежништвото е сериозен учесник во загадувањето, односно дека минералната прашина, посебно во текот на летните месеци, сериозно учествува во загадувањето на воздухот. Воздухот се загадува и од користење на автомобилите, за што е неопходно да се подигне јавната свест за поголемо користење јавен превоз и велосипед.
Градоначалничката Данела Арсовска се осврна на повеќе проекти кои ги спроведува Градот за зачувување на животната средина.
Во Град Скопје се отпочнува со најголемиот еко – капитален проект во регионот, а тоа е пречистителната станица, инвестиција што Градот Скопје ја спроведува со поддршка на Европската инвестициска банка која што практично ќе придонесе за прочистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води и значително ќе придонесе на подобрување на животната средина. Отпочнуваме со првиот од низата мега-паркови и тоа во општината Ѓорче Петров, што ќе биде вториот од ваков тип, покрај Градскиот парк, а сладат понатаму уште четири вакви мега-паркови на територијата на Скопје – истакна Арсовска.
Студијата е изработена со софистицирана лабораториска опрема на Универзитетот „Гоце Делчев”, во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје”, вреден над два милиони американски долари, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање. Собирањето примероци за загадувачите се одвиваше во периодот од октомври 2020 до ноември 2021 година на две постојани и три мобилни локации во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.