Во тек е средбата меѓу претставници на приватниот превозник „Слобода превоз“ и претставници на Град Скопје.
Приватните автобуси на „Слобода превоз“ на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 денеска не возат поради немање пари за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не им го исплатил долгот.
Со крајни напори ќе се обезбеди редовен превоз на линиите: 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73, кои како приградски линии делумно се финансираат и од општините кои не се во состав на Град Скопје, за да не се случи поради неизвршување на тој превоз да имаат причина да престанат да ги уплаќаат средствата во ЈСП, соопшти вчера „Слобода превоз“.
Од исходот на денешната средба ќе зависи понатамошното вршење на превозот и делување на превозниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.