Во Скопје повеќе нема да може да се сече, корне, кастри зеленило без знаење на граѓаните.

Советот на Град Скопје го усвои предлогот на „Зелен хуман град“ за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленило и со тоа донесе, како што велат од граѓанската иницијатива, „историска одлука за Скопје“.

Со донесувањето на ваква одлука сите решенија што Град Скопје ги издава за интервенција врз зеленило ќе бидат јавно објавувани заедно со записниците на денот на нивното издавање. Решенијата нема да стануваат правосилни додека не истече законски утврдениот рок за жалба и не поминат процесите на обжалување, споделија од ЗХГ на социјалните мрежи.

Ова е огромен напредок во заштитата на зеленилото во Скопје и во овозможувањето пристап до правда за граѓаните со цел заштита и унапредување на животната средина и природата“, велат од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и додаваат дека за нивниот предлог гласале 28 советници од сите советнички групи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.