Во паркот Сарај е пуштен во употреба СТБ Детски велодром. Се простира на површина од 1.500 метри квадратни, како спортско-рекреативна содржина и нова локација атрактивна за љубителите на спортот во Скопје, информираат од Град Скопје.
За сите млади, за љубителите на спортски активности со велосипеди, ролери и скејтборд, достапен е велодромот каде ќе можат да уживаат во новите забавни содржини. Ја поздравуваме континуираната заложба на Стопанска банка Скопје, која во рамки на кампањата „Вози право, вози здраво“ како дел од своите општествено одговорни активности заедно со Град Скопје, реализираше уште еден проект значаен за граѓаните, се вели во соопштението.
Новиот велодром на децата и младите ќе им овозможи да учат возење велосипед и да се едуцираат во безбедна средина. Како што се наведува, како проект на Стопанска банка Скопје е реализиран со јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ и е резултат на повеќегодишната соработка на Град Скопје со Стопанска банка како општествено одговорна компанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.