Град Скопје ја демантира веста дека се размислувало пожарникарите да бидат ангажирани за обезбедување на објектите на средните училишта во градот.

Велат дека веста е шпекулација, непотврдена информација и невистина.

Од градот Скопје во ниту еден момент не се размислувало за ангажирање на пожарникари во функција на обезбедување на објектите на средните училишта на територија на град Скопје. Жалиме што мораме вака да реагираме, но, бараме овој демант на целосно лажната вест да биде објавен во целост. За безбедноста и сигурноста во средните училишта во овој момент надлежна е МВР, стои во соопштениото од градските слуби испратено до медиумите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.