Нема пријава во полиција за денешната тепачка која се случила во кругот на Град Скопје, а во која учествувале генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска и член од обезбедувањето. Според информациите на „Република“ до пресметката дошло денеска во претпладневните часови.

 

Од СВР Скопје известуваат дека пријава имало, но пред неколку дена, и тоа не за тепачка туку за закани. Била поднесена токму од Глигоров.

На 09.01.2023 во 12.30 часот З.Г.(52) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот во канцеларија во град Скопје, каде е вработен како секретар, од страна на Е.С.(43) од Скопје вработен како обезбедување му биле упатени закани. Со Е.С. бил извршен разговор во полициска станица и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат оттаму.

Инаку, Глигоров денеска ја придружуваше Арсовска на прес-конференцијата на која беше соопштено за кривичната пријава што Градот ја поднесе против цементарница Усје, но за физички или само вербален конфликт на генсекот, не беше споменато.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.