Најмалку две децении во Арачиново не се наплаќа данок на имот. Шест градоначалници ја водеа оваа општина од 1996 година и никој од нив не успеал да воведе систем, односно компјутерски софтвер за наплата на овој данок.
Некои од градоначалниците со кои контактирале од „Алсат“, велат дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“.
Градоначалници на Арачиново
– Мурат Ајдини, ПДП еден мандат
– Решат Ферати, ДПА еден мандат
– Музафер Бислими, ДУИ еден мандат
– Басри Бајрами, НД еден мандат
– Брахим Ајвази, ДУИ еден мандат
– Миликије Халими, СДСМ еден мандат
– Ридван Ибраими, ДУИ АКТУЕЛЕН
Не најдов софтвер кога го добив мандатот. Уште кога ја презедов општината ја знаев нејзината финансиска моќ, но успеав да направам одлична работа. Нашите проекти се видливи. Актуелниот градоначалник треба да се занимава со работа, а не со празни муабети – вели претходната градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими.
Да ви кажам право, како што наоѓаа другите, така наследивме и ние, па немавме софтвер. Ниту ние не успеавме, па го пренесовме така. Секој градоначалник, така што, остана. Како што кажавте – зошто не го направивте тоа, цел проблем ми беше тоа што буџетот е ограничен, едвај успеавме да ги платиме работниците и советниците, а не да направиме нешто надвор од тоа – вели поранешниот градоначалник Брахим Ајвази.
Колку што знам, немавме софтвер. Едноставно е пресметано преку секторот за урбанизам“.
Дали сте се обиделе да го инсталирате софтверот?
Немавме софтвер, но се обидовме да направиме пресметки преку секторот за урбанизам – истакнува поранешниот градоначалник Басри Бајрами.
Актуелниот градоначалник на Арачиново, Ридван Ибраими вели дека веќе инсталирале софтвер и е обучен тим за регистрација на имотите на терен. Сепак, колку сериозно ќе се реши ова прашање ќе се види во иднина.
На некој начин обвинети се сите жители на Општина Арачиново. Мислам дека неправедно се обвинети, односно во општината не е инсталирана даночна програма. Ако ја откријам оваа информација за нашата општина, мислам дека е и срамно тоа што го дозволувале раководителите во минатото – вели Ибраими.
Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2.442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите.
Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.