Веќе 10-тина дена скопјани се гушат во загаден воздух, а коалицијата СДС, Левица и Арсовска мува не ги лази. Наместо да предлагаат некакви се полумерки и вондредни седници, нека седнат СДС и Арсовска, па тоа било и на тајна средба и нека донесат вистински и суштински мерки за загадувањето. Полумерките на СДС се со единствена цел, да се полни касата на ЈСП Скопје, бидејќи директорот на ова претпријатие e кадар на СДС и преку тенедери во 4 очи со омилената фирма Пуцко Петрол да ги украдат парите на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„А, за возврат граѓаните да добијат намален број на градски автобуси, наместо тој број да биде зголемен.

Целосна неодговорност од страна на СДС и Арсовска за здравјето на скопјани. Забораваат од СДС дека веќе 7 години се на централна власт и немаат ниту еден проект за почист воздух и здрава животна средина во Скопје.

Толку од зелените агенди на СДС и нивните коалициони партнери, Над 20 милијарди евра од изминатите буџети потрошени и украдени пари, а без ниту еден капитален проект за справување со загадувањето.

Се што прави коалцијата СДС, Левица и Арсовска е за личен профит и некој тендер плус, а на штета на граѓаните. За тоа најпотребни се предвремени парламентарни избори за излез од овие кризи, за кои најодговорни се СДС“ – посочуваат од партијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.